Проектот е реализиран од:

Граѓанска Асоцијација МОСТ



Почитуван матуранту,

Со стекнувањето на полнолетност се стекнуваш со одредени права и обврски како граѓанин на Република Македонија.

Покрај преостанатото, со наполнети 18 години живот се стекнуваш и со избирачко право. Право да избираш и да бидеш избран.
Изборите се основа на демократијата.

Демократијата почнува и се остварува преку слободни, регуларни и фер избори.
Изборите се значајни затоа што на изборите граѓаните им го доделуваат мандатот на своите претставници за да ги застапуваат нивните интереси во претставничките тела.

Почнувајќи од 1-ви септември 2004 година МОСТ започна со реализацијата на проектот “ПРВ ПАТ ГЛАСАМ„. Целта на проектот е едукација на матурантите за нивните права и обврски како идни гласачи, видовите на избори во Македонија, важноста од проверката на податоците во Избирачкиот список, како и важноста и улогата на активните граѓани за зајакнување на демократските процеси.

Во секој клас од четврта година (или трета доколку се работи за III степен на образование) се оддржува една работилница, на еден час. Работилницата е интерактивна и ја спроведуваат обучени тренери во тим од двајца. На крајот од работилницата на секој ученик му се дистрибуираат следниве материјали: Прирачник ПРВ ПАТ ГЛАСАМ, ЛЕКСИКОН на изборни фрази и термини, флаер чија цел е спречување на семејно и групно гласање, како и флаери кои ги  промовираат интернет страниците  www.prvpatglasam.org.mk и www.izbirackispisok.gov.mk.